Претседателот на Владата ги осуди вчерашните настани пред Собранието на Република Македонија. Ковачевски потенцира дека тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Македонија, земја членка на НАТО и дека 27 април нема да се повтори.

Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо.
Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции.
Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам – не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени.
27 април нема да се повтори!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.