Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, утрината присуствуваше на Воскресната Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто, традиционално за Велигден, богослужи поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

На Литургијата, заедно со премиерот Ковачевски, присуствуваа и министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

(фото: Влада на РМ)

Премиерот Ковачевски, по завршувањето на литургијата поразговара со присутните граѓани во Соборниот храм, посакувајќи им добро здравје, спокој и радост, а на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.  Стефан и лично му го честиташе Христовото Воскресение – Велигден, на него, на свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, како и на сите граѓани кои го чествуваат Велигден, нагласувајќи го значењето на заедничка изградба на перспективна иднина.

Премиерот Ковачевски, заедно со министерот Пенов и директорот Сотировски имаше и куса празнична средба со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, на којашто беше реафирмиран заедничкиот став за потребата од обединување во напорите на просперитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.