Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со Моника Сандри, претставничка на УНХЦР во нашата држава.
На состанокот е разговарано околу реализацијата на повеќе важни прашања од Агенда 2030, којашто се однесува на Целите за одржлив развој на ОН, а е универзален документ чијшто потписник е и Република Македонија.
Во Македонија се гледа како на држава лидер во решавањето прашања и поради тоа е изразено уверување дека во тој дух продолжува и меѓусебната соработка.
Во таа насока е изразена верба за целосно спроведување на определбата за заштита на правата на сите луѓе кои живеат во нашата држава, како и за системска имплементација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството, кон којашто пристапи Македонија. УНХЦР во тоа гледа важен чекор кон глобалните напори за ставање крај на оваа појава, а во унапредувањето на ваквите заложби во светски рамки, во Република Македонија препознава сериозен партнер.
Премиерот Ковачевски се заблагодари на претставничката на УНХЦР, Сандри, за помошта и придонесот на оваа организација на ОН, како во нашата држава, така и во регионот, посебно во делот на човековите права.
На иста линија сме со ОН во делот на спроведувањето на целите за одржлив развој и Агенда 2030 и подготвени сме да го реафирмираме процесот низ прецизна динамика на реализација на преземените обврски од страна на нашата држава. Согласно тоа, ќе работиме и заедно со УНХЦР во делот на сѐ што значи заштита на човековите права на сите луѓе кои живеат во нашата земја, според меѓународните конвенции и стандарди“, рече премиерот Ковачевски.
УНХЦР, како што соопшти претставничката Сандри, остануваат посветени на поддржување на Владата и институциите, во постигнувањето на Целите за одржлив развој и на обврските од Агендата 2030.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.