Престедателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и амбасадорката на САД Ангела Агелер одржаа видеоконференција со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД Брајан Нелсон.
На средбата се главен фокус беше ставен на актуелните меѓународни случувања, спречувањето и сузбивањето на перење пари.
Премиерот Ковачевски посочи дека борбата е заедничка и преку партнерскиот пристап помеѓу сите демократски меѓународни партнери, е насочена кон јакнење на отпорноста на нашето општество и целосно сузбивање на влијанието и обидите за дестабилизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.