премиерот Димитар Ковачевски телефонски разговарал со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет.

Ми беше чест да разговарам со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет. Високо ја ценам неговата поддршка и интерес за нашата земја во овие клучни моменти за државата. Во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, го информирав Советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог.

Нашите определби се јасни, демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет за нас немаат алтернатива. Тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет – објави Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.