Премиерот Димитар Ковачевски денеска, 16 мај 2023 година (вторник) ќе присуствува на отворањето на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд. Во текот на денешниот, прв ден од Самитот, претседателот на Владата ќе учествува на Тркалезна маса на која ќе се разговара за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата.

Со Тркалезната маса ќе ко-претседаваат претседателот на Романија, Клаус Јоханес и премиерот на Луксембург, Хавиер Бетел, а ќе учествуваат и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, претседателката на Словачка, Сузана Чапутова, премиерите на Грузија, Иракли Гарибашвили, на Норвешка, Јонас Гар Сторе, на Италија, Џорџија Мелони.

Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски е и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.