Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски на 21 ноември 2023 година (вторник) во 15:25 часот ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Македонија, што е прва посета откако државата е полноправна членка на НАТО, соопшти владината прес служба.
Според агендата за официјалната посета на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и амбасадорот на Македонија во НАТО, Дане Талески.
Премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата, во 16:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.