Премиерот Димитар Ковачевски во гостување во „Само интервју“ за Канал 5 рече дека институциите се функционални, парламентарното мнозинство е стабилно, имаме 64 пратеници и стабилна Влада којашто непречено работи, носи одлуки во интерес на граѓаните и покажа дека може успешно да се справува со најголемите предизвици.
„И покрај бојкотот во Собранието вие гледате дека најголемиот дел од законските решенија со напорна работа на пратениците беа донесени и денеска во Собранието се одвива расправа така да мислам дека треба и опозицијата да размисли убаво во однос на своето учество во помагање“, рече премиерот Ковачевски.
На прашањето за барањето за предвремени избори од страна на опозицијата, премиерот истакна дека и самите граѓани не сакаат предвремени избори и сакаат функционални институции.
„Истражувањата јасно покажуваат дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Со оглед на тоа дека сите граѓани се свесни дека државата е во криза, односно целиот европски континент е во криза“ рече премиерот Ковачевски.
Премиерот Ковачевски истакна дека Владата сите одлуки ги носи со консензус, сите записници се јавно достапни и сите дневни редови се јавно достапни и на страната на Владата.
Претседателот на Владата посочи дека со претседателот на ДУИ има редовна комуникација, но и редовно комуницира и со сите други коалициони партнери, како што се ЛДП чиј претседател е и член на Владата, Алтернатива новиот коалиционен партнер, има три министри во Владата и заменици министри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.