Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков на 23 мај во понеделник во 17 часот во Рим ќе имаат тет а тет средба, откриваат дипломатски извори за ТВ 24.

Неофицијално – македонската и бугарската влада до последен момент правеа напори да се случи кратка средба меѓу премиерите на италијански терен, истата ќе биде на последниот ден од посетата на бугарската делегација на Рим, а прв ден од посетата на македонската делегација.

Бугарскиот премиер Петков денеска пред новинарите во Софија се изјасни дека нема самостоен договор за тргање на ветото, а решението треба да помине и кај коалицијата и во парламентот.

И премиерот Ковачевски за време на посетата на српската премиерка Брнабиќ порача дека нема заеднички документ кој е прифатлив и за Скопје и за Софија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.