Премиерот Димитар Ковачевски ги прекршува Законот за влада и Деловникот за работа на собранието со тоа што достави предлог до Собранието за реконструкција на Владата, без досегашните министри и заменици министри да поднесат оставки, ниту пак, тие да оставки да бидат констатирани.

Според тие два документи, премиерот може да предложи нови министри или заменици министри само во случај ако актуелен функционер претходно поднел оставка, ако оставката е констатирана, ако е разрешен од Собранието или ако истиот починал. Такво нешто во овој случај не е направено.

Од Собранието нема информации кога ќе биде закажана седница, а само потврдуваат дека го примиле предлогот на премиерот.

Во моментов најважно за државата е што се окрупнува проевропскиот блок со тоа што се зголемува мнозинството кое е цврсто определено за продолжување на суштинските реформи важни за европскиот пат на Македонија. Владата продолжува со реализација на политиката која обезбедува стабилност и сигурност во услови на економска и енергетска криза предизвикана од глобални трендови“, велат од Владата во одговор на прашања на МКД.мк дали и кога функционерите поднеле оставки и кога истите се констатирани.

По објавувањето на одлуката за реконструкција на владата, од Демократскиот сојуз реагираат со отворено писмо до Ковачевски Ковачевски, во кое порачуваат дека тој треба да ги објави и програмските определби на Алијанса за Албанците, новиот член на владината коалиција.

Реакција стигна и до ВМРО-ДПМНЕ, од каде истакнуваат дека во состојба кога Собранието се уште не знае дали постојните министри се разрешени или сами си даваат оставка, новиот предлог на Ковачевски е срам за Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.