Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија:

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е Каја Шукова.

За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е Маја Манолева.

За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е Агим Нихиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.