Универзитетските професори Предраг Трпески и Леонид Наков ќе му бидат советници за економија на премиерот Димитар Ковачевски, објави Фокус повикувајќи се на високи владини извори.

Покрај нив, во новиот советодавен тим во премиерскиот кабинет се очекува да останат и дел актуелните советници, избрани во времето на поранешниот премиер Зоран Заев.

Меѓу нив, посочуваат нашите соговорници, треба да биде советникот за надворешни работи Едмонд Адеми, а најверојатно и Виктор Андонов, советник за енергетика кој претходно беше дел од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Она што засега останува енигма, е дали поранешниот контроверзен шеф на тајната полиција Зоран Верушевски ќе остане советник за национална безбедност и во кабинетот на Ковачевски, откако оваа функција ја вршеше кај неговиот претходник Заев?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.