Во денешни услови на светски превирања уште повеќе се нагласува темата на интеграција на Западен Балкан во Европа каде што тој природно и припаѓа, а кога станува збор за евроинтеграцсикиот процес на Македонија загубено е драгоцено време.
Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски кој како главен говорник денеска на Преспа Форумот за дијалог ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. Тој при тоа рече дека нема да зборува за минатото туку за иднината на земјата и регионот.
-Обично дискусиите на Балканот најчесто се водат за минатото и за историјата и постојат политичари кои што уживаат да зборуваат за теми од историјата, особено од соседството, а тоа се и најлесни теми за говорење бидејќи кога им зборувате на граѓаните за историја тогаш ништо и не им ветувате. Најтешко е да зборувате на граѓаните за економија бидејќи тогаш се ветува и тогаш граѓаните имаат очекувања за подобар животен стандард. Ќе зборувам за сегашноста и за плановите за иднината, за се она што ние како земја во соработка со земјите од регионот и нашите стратешки партнери го реализираме со единствена цел економски развој и подобра стандард за граѓаните, рече Ковачевски.
Тој стави фокус на три главни аспекти за денешната тема и тоа усоласувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ и имплементација на стандардите на структурни реформи, регионалната иницијатива Отворен Балкан и нејзините економски бенефити и интеграцијата на регионот во ЕУ и единствениот пазар на Унијата,
-Нашата определба за членство во ЕУ е јасна уште од независностата на државата. Ние сме земја кандидат за членство уште од 2005, а пред 20 години е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), која предвидуваше да се постигне асоцијација за десет години. Иако оваа временска перспектива не се постигна, ССА и денес претставува единствената правна рамка која ги одредува односите меѓу двете страни, и која придонесува за економската и политчка стабилност на земјата за консолидацијата на демократијата и владеењето на правото, рече Ковачевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.