Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5, истакна дека Македонија сериозно го зајакнува позиционирањето во меѓународни рамки и е конструктивен актер за зачувување на стабилноста и соработката на Балканот. Ковачевски вели дека посветеноста на државата да обезбеди долгорочен мир, стабилноста и соработката во Западен Балкан е препознаен и од САД и ЕУ.
„Ceверна Македонија е фактор на стабилност на Балканот според сите показатели и според сè она што се случува кај нас. Ние сме земја којашто ги има уредено практично односите на највисоко можно ниво и којашто ги има решено отворените прашања со соседите. Земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја којашто претседава со ОБСЕ, најголемата регионална безбедносна организација и држава во којашто се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Зaпаден Балкан”, рече премиерот Ковачевски.
Како земја членка на НАТО, Македонија добива недвосмислена поддршка од САД како стратешки партнер на земјата во Алијансата, но и како земја која преговара со ЕУ и којашто спроведува реформи со цел унапредување на нашето општество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.