Преку пример ќе кажам како оди разговорот доколку некој нашинец сака да инвестира во Македонија. Доаѓа некој нашинец со некој од скапо платените советници на владата и вели сакам да инвестирам во енергетиката. Па чекај малку тука има лепеза на такви фирми отворено на блиски луѓе до влада, на пример синот на Ахмети отвори таква фирма каде ти, сопругата на премиерот отвори таква фирма, каде ти, кумот има фирма знаете ли од кога за фотоволтаици и за струја, па ние осум пати му даваме државна помош, каде најде баш таму да инвестираш. Каде најде баш таму да инвестираш, дај најди нешто друго. Добро нашинецов вели ќе инвестирам во компанија за производство на масло за медицинска употреба од канабис. Каде па тоа, меѓутоа може во тоа да инвестираш но ќе мора да отидеш во Муртино. Таму кај еден црпнат од нива се ќе ти каже. Беше премиер едно време тој се ќе ти каже, цела организација, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски.

Тој посочи пример и за производството на масло од канабис и зошто дијаспората не инвестира во Македонија.

Па ќе ти каже за Оливер Спасовски за најголемиот нарко дилер, за целата негова организација, па не може само две три фирми произведуваат масло се друго е фрлено на цвет и на извоз на тој цвет. Тука е Оливер Спасовски тој со началниците и командирите имало немало член од законот за извоз на цвет од марихуана, ќе ја истера работата дали на граница легално дали по некои козји патеки. Тоа е смешно е ама тоа е дијаспората не инвестира“, кажа Коцевски.

Тој додава и дека на дијаспората ни на крај памет не и паѓа да дојде овде и да инвестира затоа што во дијаспората имаат влади каде што владеат правдата, редот, и законите.

Дијаспората ни на крај памет не и паѓа да дојде овде и да инвестира затоа што во дијаспората имаат влади каде што владее правдата редот и законите е таква влада за кратко ќе формира ВМРО-ДПМНЕ каде ќе владее правдата редот и законите“, кажа Коцевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.