Професорката Наташа КОтлар ја коментира Резилуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во целост.

Zwei banditen, отишли су тамо…!
Сигурно се сеќавате на репликите од времето на југословенските филмови – „Оп, трт, gewesen sein“ и „zwei banditen, отишли су тамо“ како бурлеска, козерија на партизанско-германско односи на филмското платно! Но, козеријава е некако погодена за илустрација на усвоената Резолуција на Бундестагот, во која, меѓу другото се вели дека „Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик“ во услови на „мултиетнички модел“ на Македонија! Па, па, па…!
Во услови на именско, историско и идентитетско редефинирање на македонскиот атрибут согласно Преспанската спогодба (2018), германската Резолуција е будалаштина, писание за малоумни…! Господо германско – алеманска – немачка, знај, македонскиот идентитет претставува сложена копозиција од повеќе значајни чинители – именски и колективен, културен (ј а з и к, литература, музика, уметност, фолклор), религиозен, етнички и национален чинител и сите заедно ја чинат посебната – македонска историска содржина или м а к е д о н с к и о т и д е н т и т е т. Македонскиот народ е различен од бугарскиот (на кого му поставувавте германски кнезови – Батемберг, Сакскобургота) и немат „заедничка историја“ со споменатиов народ! Во времето и просторот, под влијанијата и притисоците, низ причините и последиците македонскиот народ создава своја историја – м а к е д о н с к а, има свој јазик и своја култура–м а к е д о н с к и, своја македонска држава (антифашистичка) и автентичност!
Ако пак, нешто беше добро и вредно во германската политика кон Македонија и нејзиниот народ беше амбасадорот Ханс Лотар Штепан кој истакнуваше дека „Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“ Овој „духовен воин на Македонија“ кој работаше во полза на македонск0то прашање, остана ненадминат дипломат од ни еден подоцнежен германски претставник. Сè што следеше потоа кон Македонија и нејзините интереси од страна на Германија не емитуваше срдечна политика. Накратко, историјата од средината на XIX век, а и во XX век, бележи прилично амбициозни намери на германската политика кон Балканот и при тоа ниту една не завршува добронамерно кон македонскиот народ и неговите интереси! Таков е случајот и во 2018 г., кога германската политика во очајното препелкање да стане лидер во балканските политички настани застана зад најлошото решение за спорот меѓу Република Македонија и Грција (определувајќи се и прогрчки и проалбански и пробугарски). Германија за цело време го подржува преименувањето на државата на македонскиот народ – п о б е д н и к о т во антифашистичката борба во Втората светска војна, каква иронија! Така, за време на посетата на Грција, Анѓела Меркел уште пред изгласувањето на новото име во македонското собрание (2019), дури три пати во една изјава нè нарече „Македонија“ истакнувајќи дека преименувањето благодарение на Преспанскиот договор е во наша полза, но и „за Грција и за цела Европа“! Бре, што нема да слушне, човек од Алеманиве, а сега и Бугари во македонскиот Устав! Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!?
Господо, Германци – Алемани – Немци, македонски јазик, историја, култура значи посебна македонска национална свест (не мултиетничка), затоа ударите ви се силни, а ние мора со сета наша сила да се бориме, до последниот Македонец!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.