Кажете ѝ на Урсула фон дер Лејен алијас Розе Ладстон (по прабаба ѝ од Ј.Каролина), која има навистина „уникатен идентитет“ – те белгиски (француски), те германски, ама и американски (САД) дека „Cеверна“ Македонија сé уште не создала идентитет, воопшто, камо ли „уникатен“, на социјалните мрежи пишува Наташа Котлар.
Нејзината игра на зборови ја крие суровата вистина на негирање на македонскиот идентитет заради Бугарскиот договор (2017), Преспанската спогодба (2018), уставната рашомонијада за „Cеверна“ (2019). Кажете ѝ дека ние МАКЕДОНЦИТЕ сме доволно свесни за нејзината манипулација и мистификација со поимот „уникатен идентитет“ и дека со тоа го негаира МАКЕДОНСКИОТ историски, културен и народен идентитет.
А, тој е присутен во низата на процеси и случувања создадени од м а к е д о н с к и о т н а р о д, во времето и во просторот, во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата вековна, но карактеристична – м а к е д о н с к а. Кажете ѝ … !, се вели во објавата на Котлар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.