Трагајќи по вистината за Еуростандард банка, се соочив со фактот дека токму во банкарскиот систем е вгнезден организираниот криминал, вели во својата последна колумна за „Плусинфо“ Трифун Костовски, кој за понеделник најавува дека ќе објави „фрапантни податоци“.
Извештајот ќе биде поставен на социјалните мрежи чија достапност ќе биде транспарентна и лесно читлива за секој поединец.
Најголемото прашање кое се поставува пред мене е како ќе реагираат најсилните институции на системот во државата, а тоа се Владата на РМ, Јавното обвинителство заедно со Финансиската полиција при Министерството за финансии, Народна банка и Собранието на РМ?
Најотворено се прашувам дали во погоре наведените институции кои го регулираат севкупниот живот во РМ ќе има доблесни и одговорни луѓе да отворат процес за сузбивање на организираниот криминал, вели Костовски.
Целата колумна тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.