Лидерот на бугарската парламентарна партија Преродба од собраниската говорница го дефинираше отворањето на македонскиот клуб во Благоевград како обид за провокација.
Во неделата бевме сведоци на обид за провокација – за постоењето на едно непостоечко малцинство во Бугарија, организирано директно или индиректно од нашата соседна земја. Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров, изјави Костадинов, пренесува БНТ.
Според него, ова нема да биде единствената ваква провокација:
Пред четири месеци, кога го укинавме ветото предупредивме дека се отвора Пандорината кутија. Во Скопје е потпишан договорсо ЕК – договорот за заедничко обезбедување со „Фронтекс“ е потпишан на таканаречениот македонски јазик кој може да стане официјален во ЕУ. Логиката на ветото е да се решат сите прашања пред почетокот на преговарачкиот процес. Сето тоа ја потврди загриженоста на Преродба, додаде тој.
Ќе настрадаат сите бугарски организации во Македонија, дециден е претседателот на партијата Костадин Костадинов.
Македонија тврди дека носат провокативни имиња. 100 пати повторена лага станува вистина. Книгата за Никола Вапцаров ќе ја претставиме во парламентот каде тој се дефинира како Бугарин. Ќе зборуваме за бугарската историја – во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.