Договорот склучен помеѓу државната ЕСМ и фирмата на Дрин Ахмети,Еверест ЏД, внук на Али Ахмети, во кој стои дека има добиено концесија уште од владата Заев-Ахмети за ископ на варовник.
Познавачите на овие „бонбона“ бизниси коментираат дека Дрин Ахмети е сопственик на фирма Еверест ЏД кој што има концесија за ископ на варовник, и таа концесија е добиена уште во времето на претходната влада на СДС и ДУИ.
Станува збор за фирма која има склучено договор со државната ЕСМ и има само еден вработен.
Варовникот се користи во термоелектраните во процесот на производство, за ладење на водата. Дрин Ахмети има земено концесија од државата, од Министерство за економија, за ископ на варовник, кој потоа го продава на ЕСМ и го фактурира со 40.000 денари. Со еден збор Ахмети добил концесија за да продава мастики.
Сепак, заднината е друга. Банките лесно се оселуваат да дадат кредити на бизнисмени за кои државата гарантира со концесија за рудник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.