Четири искусни медицински сестри биле набркани од работа само затоа што се Македонки, aлармираше Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи го овој скандал ДУИзација на Куманово.

Пратеникот вели дека откако вчера објави за овие за скандалозни вработувања во ЈЗУ Здравствен дом Куманово, до него непрестајно стигаат информации од вработените дека таму се врши константен мобинг врз Македонците.

Јавашлукот на ДУИ во институциите мора да престане! Барам од надлежните институции да се поништи огласот кој не е спроведен согласно балансерот, на кој секогаш се повикува ДУИ, со што е незаконски и дискриминирачки.
Каков, таков, балансерот му наложува на директорот од ДУИ, НЕ да вработува само Албанци (ова не е прв ваков оглас), туку од 10-те вработувања согласно последниот оглас МОРА 5 да се Македонци, 4 Албанци и 1 Србин, порача Петрушевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.