Коњи во галоп се движат по еден од главните градски булевари, во строгиот центар на Тетово, вешто избегнувајќи го сообраќајниот метеж.

Снимката ја објави еко-активистот Аријанит Џафери. Слични снимки имаше и во изминатите месеци, кога повозрасните жители на Тетово коментираа дека во околината на градот, особено на Шара и блиските планини Сува Гора и Жеден, коњите и денес се многу одгледувано домашно животно, но тие одамна не можеле олку често да се гледаат симнати во градот.

извор: Слободен печат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.