Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и седуммина против го проследија на натамошно разгледување предлогот за уставни измени.

На денешната седница на Комисија предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и своите ставови ги изнесоа претставнции на сите пратенички групи.

Против уставните измени се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Собраниската седница за утврдување на потребата од уставни измени е закажана на 18 август.

И на неа пратениците од опозицијата ќе гласа против. Тогаш се гласа за потребата за отворање на Уставот и за тоа се потребни 80 пратеници кои власта ги нема.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.