Зошто на седница на Влада заради партиски препукувања одбиена е точката за покачување на платата на медицинските сестри и што за ова презема заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева ?
Ова и многу други прашања поставува денес Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:
Што презема Манолева по однос на одбивањето од дневен ред на точката за потпишување на Колективниот договор за вработените во Министерството за здравство, институцијата каде ја извршува функцијата заменик министерка?
Што конкретно Манолева презема за решавање на статусот на здравствените работници, ангажирани со договор на дело и кои се институциите каде започнала трансформацијата на работниот однос?
Зошто Манолева од позиција на директор на Заводот за физикална медицина ги укина обуките за вработените во оваа ЈЗУ и за која намена сега одат овие средства?
И конечно:
Каква е поврзаноста на Манолева со набавката на апаратот за роботика во Заводот за физикална медицина, по која цена е набавен истиот и како се движат цените за овој апарат во регионот?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.