СЕ ЗАТВОРААТ ЦЕЛИ ОДДЕЛИ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА – НЕ ПОСТОИ ДЕБАТА СО КОЈА СДС ЌЕ ЈА ПОКРИЕ НЕСПОСОБНОСТА НА ИСТИТЕ ЛИКОВИ ЗАРАДИ КОИ БОЛНИЦАТА Е НА КОЛЕНА, велат од Комисијата за зравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Затворени се одделението за пнеумофтизиологија, инфективното одделние кое работи со еден инфектолог и уште еден со 4 саати работно време
Одделот за урологија има еден уролог специјалист, а исто така и одделите за неврохирургија, неонатологија и физикална медицина се оставени само со еден доктор
Постои и недостаток на среден персонал, хигиеничари, па се поставува прашањето како оваа болница се уште е акредитирана да биде „клиничка болница”
Недостатокот на кадар особено е воочлив во Ресен
Нема офталмолог, интернист, невропсихијатарот сега ќе оди во пензија
Здравствен дом Ресен од Нова година останува без доктори спец. по ОРЛ, невропсихијатрија и дерматовенерологија, додека рентгенолог и интернист нема две години
Освен за кадарот, основната негрижа во битолското здравство е јасно видлива и во нефункционалноста на опремата
1. Акцелераторот не е во функција
2.Ангиографот исто така не е пуштен во употреба
3.Апаратот за РТГ не работи.
Клиничка болница Битола како најголемиот регионален центар, богат со одлична експертиза, доајени во областа на урологија, хирургија, гинекологија и други области, денес е на колена како со персонал и опрема, така и со услови за работа
На партиските дебати на СДС не се зборува за проблемите на пациентите од регионот, а уште помалку за нивното решавање. Ова е одлика на владеењето на оваа Влада која пред да замине во неповрат го остава битолското здравство со недостиг од 100 здравствени работници и на колена, а битолчани тоа добро го паметат и затоа ќе ги казнат одродените партиски ликови на СДС што бесрамно држат трибини со нула грижа за здравствената заштита во овој регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.