Комисијата за стручен надзор денеска ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано бебето. Како што напомена вчера министерот Таравари, кој и да е виновен, ќе мора да сноси одговорност.
„Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште денес да судам како било. Дозволете компетентните органи да испитаат сѐ во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи. Дојдени биле двајца анестезиолози вечерта кога починало детето, имало обид да се интубира, но со ниска сатурација и аритмија било проблем“, изјави министерот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.