Во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје денеска ќе се одржи комеморативна седница по повод Кристалната ноќ, која во далечната 1938 година го означи и почетокот на прогонот на Евреите во Европа.

– Одделот за проучување и истражување на холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, веќе шест години по ред со своја комеморативна активност го одбележува овој настан со пригодна програма во сеќавање на жртвите и оние кои го изгубија својот живот за време на холокаустот, соопштија од ИДКНА.

Годинава комеморативната седница е во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Правниот факултет од Тетовскиот универзитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.