Професорката Катерина Колозова, позната по безумното бранење на сите штетни политики на СДСМ, вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека Ванчо Михајлов е фашист и нацист, но и македонист.

Ванчо Михајлов е македонист, за жал тој е фашист и соработник на нацистите, но е македонист. Од сите дејци на ВМРО, Ванчо Михајлов е единствениот кој бил недвосмислено за независна Македонија,иако се декларирал за Бугарин, тврди Колозова.

Според неа, Бугарите не го сакаат Михајлов.

Тој е фашист и нацист, и јас нашите македонски Бугари и тие основачи на клубот би ги осудила, а не Петков. Според мене, Петков се има едноставно лизна. Го вика друштво на македонски Бугари, сака да покаже дека се грижи за нив и се залетува, се лизнува и оди во клуб, рече Колозова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.