СДС се осамени на пуст остров, и ја разбираме нивната нервоза. Правењето на компот со расипани овошја секогаш ќе биде кисел, споредува ВМРО-ДПМНЕ.

Партиските послушници или таканаречените експерти на ДУИ и СДС се доказ за немањето поддршка од сите општествени чинители на темата за уставните измени. И токму тие се причината за пропастот на сите образовни политики во изминатиов период.

СДС нека им објасни на граѓаните дека ова е уште еден проект, од кој нивните гласноговорници ќе си ја наплатат поддршката преку дебели хонорари. Уставни измени во овој мандат нема да има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.