Денес започнавме со градежни активности за промена на секундарната водоводна мрежа на улица Авној во Зрновци, по што ќе следи целосна реконструкција и асфалтирање на истата, ова преку статус на Фејсбук го најави градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев.
Се надевам на разбирање од страна на граѓаните за отежнатото движење по улицата и за повремените прекини на водоснабдување во овој дел од село Зрновци.
Целосно завршување на овие активности е предвидено до петок.
Продолжуваме одговорно и посветено за доброто на сите граѓани на општина Зрновци, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.