„Запрашани дали после децениските разочарувања, битката треба да престане. Одговорот е никако. И тоа не е опција. Затоа што патриотизмот постои и денес, и денес со оваа генерација битката мора да се извојува. Патриотизмот е ист, но целите и работите кои мора да ги победиме се различни“, истакна Мицкоски.

Тој потенцира дека како нација имаме две големи цели – да го победиме разочарувањето на секој еден човек напластено од сите неуспеси, а втората, да го сузбиеме криминалот и корупцијата која метастазира во сите делови од општеството.

„Ќе се борам со секој атом да докажам дека сме поразлични од сѐ досега и дека ги менуваме работите“, нагласи премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.