Многумина добиваат звање редовен професор и до пензија забораваат да напишат труд да напишал. И ние сакаме во една таква ситуација да имаме универзитет на Шангајската листа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.

„За да се биде на Шангајската листа има два столба. Едниот столб е обврска на државата и со тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ  треба да се позанимава сериозно. Тоа значи државата да обезбеди околина, услови за научно функционирање, опрема и слично. Тоа е дел и обврска на државата, но обврската за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание.  Нашиот највисок рангиран е Универзитетот Кирил и Методиј и тој е нешто под двеилјадитото место и ние сакаме да имаме наука, тоа не е можно. Наука не може во вакви услови“, рече Мицкоски.

Оттука рече претседателот Мицкоски, одлучивме да предложиме повисоки плати за сите наставници кои ќе имаат трудови со импакт фактор.

„Сега се префрлам на основците. Сето ова е залудно ако основците на време не добијат книги. А немаат книги и тоа ни се случува не затоа што се натпреваруваат концепти, туку се натпреваруваат  кој поголема провизија да земе, па една партија има една омилена печатница, друга има друга печатница. На крај од ова учениците се тие кои се негативно изненадени и немаат книги“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека новата влада која би се формирала некаде втора половина на јуни месец ќе гледа да направи се сите ученици да имаат книги.

„Учебната година стaртува на први септември и информациите велат дека власта знаат дека ќе биде поразена и се обидуваат да остават тотален хаос. Но, ние ќе дадеме се од себе тоа да не се случи, како што и во техничката влада даваме се од себе да се среди хаосот кој го оставија со личните документи“, заклучи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.