Советот на Општина Кавадарци донесе одлука за забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони бруто маса при екстремно високи температури на територијата на Кавадарци.

Со оваа одлука се воведува посебен времен сообраќаен режим за тешките товарни возила над 15 тони бруто маса на локалните патишта и улици во општината, за време на летниот период од 20 јули до 10 септември, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството за здравство, се наведува во одлуката од Советот.

Забраната за овие возила и под овие услови, ќе важи во најтоплите денови во периодот од 12 до 17 часот. За ова, општината ќе изготви и техничка документација и ќе постави соодветна сообраќајна сигнализација. За потребите на јавен интерес, општината ќе издаде посебна дозвола за движење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.