Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, искористила празничен викенд за Велигденските празници. Таа излегла од затворот Идризово каде издржува затворската казна, а слободното време го искористи за да пазарува во еден од скопските маркети.

Од Управата за извршување санкции, за „Телма“ велат дека Јанева ја добила оваа погодност на 23 април, а синоќа имала обврска да се врати во Идризово.

Оваа мерка и следува по закон кој дозволува отпус на затвореници по одлежана една третина од затворската казна, која за Јанева беше досудена на седум години.

Таа е осудена за случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски кој е осуден на девет години затвор и Зоран Милевски Кичеец кој призна вина и доби три години.

Првпат ваква мерка Јанева користеше за новогодишните празници, а до сега добила уште еден излез на седум часа во февруари годинава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.