Касами: Конечно е изгаснат пожарот во Тетово

Македонија 31.05.2022 / 15:18

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами преку социјалните мрежи објави дека конечно е целосно изгаснат пожарот во магацините на компанијата „Пофикс” во поранешниот тутунски комбинат „Македонија Табак”.

По многу напори на екипата на Територијалната противпожарна единица и доброволци, конечно е изгаснат пожарот во магацинот на фабриката „Пофикс“. Напорите од нашите херои го дадоа долгоочекуваниот резултат. Ваквите настани посакувам да не се повторат, со надеж дека иднината ќе биде добра и светла! Благодарност до сите учесници кои помогнаа во овие два исклучително тешки дена!, објави Касами.

Пожарот започна вчера во 9:30 часот, а при крајот на денот се локализираше. Ноќеска и до раните после пладневни часови се уште имаше чад и непријатна миризба од ова место на излезот од Тетово кон Скопје.

Вчера од пожарната информираа дека неколкумина нивни колеги се полесно повредени или задушени поради интензивниот чад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişbaywin girişJOJOBETjojobet girişgrandpashabet