Канал 5 подготвува тужба против порталот „Независен“

Македонија 07.04.2022 / 14:09

Тешки клевети и навреди и измислени тези кои немаат основа, заедно со претходно недозволено преземање на наши прилози и текстови ќе бидат доставени до ОЈО за „парамедиумот“ познат како НЕЗАВИСЕН, велат од Канал 5 телевизија, најавувајќи тужба против медиумот, за текст во кој се вели дека петте национални телевизии „ја блокирале владата“.

Реакцијата на Канал 5 ви ја пренесуваме во целост:

Наместо да се занимава со вистинско медиумско работење, и да се бори, спротивно на ставовите на ЗНМ , дел од порталите, како што е Независен пласираат небулозни измислици, со што прават директна штета врз работењето на нашата компанија.

Истовремено, прават „групирање“ на 5те национални телевизии ( за жал една криминална ТВ се бори со години да стане национална , ама не и успева ), во т.н. заедничко дејствување , а дополнително алудираат дека, само во нивните глави видлив, „бојкот“ се спроведувал на нашите ТВ канали.

За да им објаснам на „параколегите“ од „парамедиумот“ (терминот параколеги/парановинари и парамедиум се затоа што на нивно (ЗНМ) барање, порталите да не се правно препознаени и не се во правен промет во Македонија, со што ако некој работи во незаконски медиуми – парамедиум, станува и парановинар) „Неависен“, професионалните новинарски и етички стандарди велат дека треба за секоја сторија да се слушнат двете страни. Вашите „парановинари“ го прават буквално она за и против кое наводно се бореа – „груевизмот“. Ниту ни се обратија, ниту не прашаа дали воопшто нешто се случува и ако се случува што е основата, парановинарите си напишале текст, неплашејќи се од соодветни судски поднсоци – затоа што не се медиум, и затоа што некои од актуелната власт им дал дополнителна „бустер доза“ на самодоверба, при тоа не кажувајќи им дека „паричката има две страни, а дури се врти во водухот, истата има милион страни.

Нас, како еден од највлијателните медимуми ( медиум според закон, а не парамедиум) не нè прашуваат зошто „таличниот“ министер за правда Тупанчевски со денови избегнува да даде изјава за Канал 5 ТВ, не се прашуваат зошто една телевизија има сопственик кој во исто време е сопственик и на кабелски оператор што е кривично дело по неколку основи, туку пласираат лаги, клевети, параинформации кои немаат врска со реалноста, за наводен бојкот и барање за враќање на „груевизмот“. Е ова драги „параколеги“ ќе треба да го докажете на Суд!

Треба ли можеби да се прашаат зошто од категоријата медиуми и новинари, преминаа во папамедиум и парановинари, односно зошто згасна весникот „Независен“?

Порталот Независен објави дека националните телевизии во Македонија веќе три дена ја бојкотираат Владата, оваа информација е лага и е далеку од вистината.

Да потсетимер, според сите европски закони за медиумско работење, секоја ТВ куќа во Македонија во секој момент има право да си ја креира уредувачката политика кој кореспондира со настаните за кои постои најголем интерес во јавноста. Точка.

Затоа, иако Канал 5 ТВ еднаш им ја прости на „параколегите“ од „Независен“ кривичната пријава за плагијат- односно недозволено преземање на целосен авторски текст на наш новинар, и пласирање на нивниот „парамедиум“ – наречен портал ( според нашите позитивни законски прописи ), ќе мораме конечно да почнеме да се бориме против сите оние кои ги пронаоѓаме во американската изрека која гласи – fool me once-shame on you, fool me twice-shame on me.

„Параколеги“ од „Независен“ – коцката е фрлена, ама не онаа „лего коцка“, една сосема друга…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetcasibomcasibom girişCasiboom