Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, при што ќе се сретне со нејзиниот домаќин, шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамки на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

Османи и Жоли ќе одржат тет-а-тет средба, ќе следи средба меѓу делегациите на двете земји, по што двајцата ќе одржат и заедничка прес – конференција.

За време на престојот во Скопје, министерката Жоли ќе има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.