Јордан Камчев го тужи Бојан Јовановски  за да ги врати парите за кои Кривичен суд досуди дека се земени од него.Во петок тие ќе се соочат на суд, овојпат во Основен суд наместо како досега во Кривичниот. Во неа пишува тие двајца, но и ексспецијалната обвинителка која беше осудена Катица Јанева и осудениот Зоран Милевски-Кичеец одново ќе се сретнат во судница.

„Известување до медиумите и граѓаните. Петок, 15.04.2022, 09 часот, Граѓанскиот суд ќе има рочиште, распит на странки, за тужбеното отштетно барање на Камчев. Во судница ќе се сретнеме јас Бојан Јовановски, Катица Јанева, Зоран Милевски-Кичеец и Јордан Камчев. Мислам дека ќе биде и повеќе од важно, ќе има што да се слушне. пс. Имам некое чувство дека оној торбоносецон Кичеец нема да дојде и дека само за него Камчев ќе ја повлече тужбата, па така уште еднаш ќе се види кој е и како го монтираше Рекет. До конечна правда. Show must go on“, стои во објавата на профилилот на Боки 13.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.