Залудни се бајатите споредби на Артан Груби, за изградба на автопати, со тие во Србија и Македонија, нагласуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

На сите во Македонија е позната восхита на Груби кон Александар Вучиќ и Србија но овој пат, математиките околу споредбата на двата автопати, му се во најмала рака смешни.

За почеток, Србија распиша тендер за автопат и овозможи експропријација и т.н. „брза трака“ за документи.

Немаше промена на закони, кои се спротивни на Уставот, немаше изедначување на легалното со дивоградбите, немаше газење врз сопствените археолошки локалитети и секако немаше пенали од над 100-тици милиони евра! Имаше позната траса, со познат проект, без газење на законите за урбанизам и градење!

За 7 милиони евра километар автопат, Србија доби: Автопат 112 км, широк 30 метри, со 139 објекти на него, 84 моста, 26 надвозници, 3 подвозници, 10 раскрсници, познати како петљи, по три одморалишта и паркинзи. Но и регулација на реката Морава и нејзините притоки, како и изградба на телекомуникации по самиот автопат, за разлика од автопатот во Македонија, кој чини неверојатни 20 евра по километар, а за кој ништо не се знае, освен тоа што до денеска се исплатени околу 120 милиони пенали, без една даска да биде закована.

Пред ВМРО-ДПМНЕ, како партија која ќе ја формира идната влада има 2 опции.

Првата опција, е да се раскине договорот, пред судот во Париз да се изгуби по прифатените закони на Англија и Велс. Тоа ќе чини стотици милиони евра штета, но без квадрат поставен асфалт!Втората опција, е да се зачува суверенитетот, да се зачува Уставот и законите и автопатот да се заврши во рамки на македонските закони и македонските процедури! Така би се продолжило времето на изградба, но и сумата, заради катастрофалниот договор и обврските преземени од криминалната влада на ДУИ, подржана од СДС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.