Во наредните 6 месеци ќе ги надминеме сите овие отворени прашања со Бугарија, при што ќе се зачувуваат црвените линии и достоинството, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Топ тема“.

Ова што се случуваше изминатата недела во Скопје и Софија е чекор кон деблокада и верувам дека со ваков искрен чесен, отворен и јавен пристап кон решавањето на сите отворени прашања во делот на спорот со Бугарија, можеме да дојдеме до решение, кое ќе го деблокира процесот на преговори на Македонија со ЕУ. Тоа се главните принципи и идеал за кој се залага оваа влада. Реално сум оптимист затоа што она што се случуваше изминатата недела и целиот последен период донесе позитивни сигнали и покажа дека Македонија е на вистинскиот пат и час поскоро ќе биде членка на ЕУ, оценува Каевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.