Иницијално го почувствувавме преку нестабилноста на цените на нафтата и тука многу жалам што владата не реагиравме навремено за да го ублажиме ова варирање на цените, или да ги замрзнеме како што направија многу држави од соседството или требаше да интервенираме со нафтени резерви во еден период за да ја стабилизираме цената. А владата некако сите овие мерки ги донесовме кога цените беа до плафон. Значи тука владата не стабилизира, туку напротив, вели Маја Кадиевска Војновиќ член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа, за негативните ефекти од економската криза.
Кадиевска Војновиќ смета дека негативните ефекти се чувствуваат и со надворешната трговска размена, додавајќи дека македонската економија е во состојба на стагнација, бидејќи како што рече има низок раст на БДП, а висока инфлација.
Според мене дури од втората половина на минатата година ние сме во една таква фаза зошто имавме многу низок раст, 3 проценти, ако се ревидираат бројките ќе бидат и нешто помалку. Значи имаме низок раст, ама имаме и инфлација. Тоа е таа состојба на стагнација на економијата и висока инфлација, потенцираше таа.
Ние ги чувствуваме ефектите преку надворешно трговската размена која што е значајно влошена и во последното тромесечје минатата година. Значи само за едно тромесечје имаме чинам 900 милиони евра трговски дефицит што е некој рекорд на квартално ниво и тоа се должи на високиот увоз на електричната енергија, значи на растот на цената – истакна Кадиевска Војновиќ.
Кадиевска Војновиќ потенцираше дека доколку Русија стави забрана за увозот на македонските производи, тогаш државата ќе има штети околу 50 милиони евра колку што изнесува извозот.
Извезуваме кон Русија, поголемиот дел увезуваме од Русија, меѓутоа извезуваме 50 милиони евра во Русија. Тие 50 милиони евра се пари кои што треба наши производители дали биле земјоделци, дали бил индустриски сектор да си ги земат, односно да извезуваат на рускиот пазар. Е сега уште не видов јас какви мерки ќе даде Русија спрема нас, дали поради тоа што не стави на листата на земји како непријатели дали ќе го забрани увозот од Македонија. Ако го забрани тоа ќе има голем ефект врз индивидуални земјоделци кои што извезуваат 20 милиони евра во Русија, значи праски, јаболка и друг вид на овошје и зеленчук. Значи тоа се големи суми за индивидуални земјоделци кои што работат цела година за да можат да го изнесат производството – рече Кадиевска Војновиќ.
Понатаму имаме лекови, значи фармацевската индустрија исто така голем обем на лекови пласира во Русија. Понатаму, машини, транспорт и уреди исто така имаме извоз кон Русија. Значи тоа е оној директен непосреден ефект доколку имаме ограниченост да извезуваме на рускиот пазар, додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.