Власта крајно нетранспарентно води преговори со Бугарија и не ѝ кажува на јавноста што содржи пакетот одговори, ниту пак каков е ставот во однос на јазикот, историјата, ликот и делото на Гоце Делчев и останатите револуционери и други идентитетски теми, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека тоа е крајно скандалозно.

Штом ги нема официјалните документи на увид на јавноста, тоа остава сомнеж дека се подготвува нов пазар со националните и државните интереси. Ако власта е подготвена не само декларативно, туку и со дела да покаже дека го почитува ликот и делото на Гоце делчев и неговото значење за револуционерната борба за македонска државност, тогаш треба да ја поддржи Декларацијата која пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на Република Македонија. На тој начин ќе се покаже сплотеност околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна Република Македонија, но и значи одговор на негаторските ставови по однос на македонската историја и борба за државност. Декларацијата базирана на европските принципи е во насока на достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можат дополнително да ги зајакнат демократските темели на државата и на општеството. Во исто време повикува на институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев во годината кога се одбележуваат 150 години од неговото раѓање, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека власта е на потег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.