Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ги презентира попладнево извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент.

За Македонија Оливер Вархеји изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес.

Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата. Македонија покажа одлучност и издржан напредок, изјави Вархеји пред европратениците.

Еврокомесарот забележа дека е важно земјата да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, за да го искористи својот потенција за забрзување на реформите.

Според него, потребни се дополнителни напори во областа на јавната администрација.

Извештајот го поздравува целосното усогласување на Македонија со надворешната политика на ЕУ, посебно во однос на Украина.

Со ова земјата ја покажа својата одлучност да напредува на својот ЕУ пат, изјави Вархеји.

По Европскиот парламент еврокомесарот треба да се обрати и пред новинарите по објавувањето на годишните реформски извештаи за шесте земји од Западен Балкан и Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.