Холандскиот експерт за балкански, евроазиски и трансатлански прашања и консултант во Одделот за Западен Балкан на Генералниот директорат за надворешни политики на ЕУ, Раиниер Јарсма на „Твитер“ алармираше дека лажна вест е дека Македонија ги почнала преговорите со Европската унија.

Многу портали известуваат дека ЕУ „отвора пристапни преговори“, но тоа не е случај за Македонија. Всушност, отворањето на пристапните преговори сè уште зависи од промената на Уставот на земјата, за што нема двотретинско мнозинство, пишува Јарсма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.