Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска присуствуваше на церемонија на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.

Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште „Д-р Владимир Поледжиноски” во Кичево. Со висина од 80.593 евра сменети се вратите и прозорците во училиштето, а тоалетите се обновени. Како резултат на тоа, условите за учење во ова основно училиште се значително подобрени, се наведува во соопштението од Амбасадата на Јапонија.

Амбасадорот Отцука  во својот говор рече дека веруваат оти инвестирање во образованието е инвестиција во иднината.  – И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Македонија, што е важно за да биде целосно интегрирана во ЕУ, истакна амбасадорот Отцука.

Церемонијата ја отвори градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој ги поздрави гостите и ја изрази благодарноста на општината кон Јапонскиот народ.

Директорот на училиштето Горан Карафилоски ги претстави резултатите од реконструкцијата на гостите, по што беше проследена изведба на учениците  подготвена за оваа прилика.

Преку ГГП програмата Јапонија има финансирано реновирање проекти и обезбедување на опрема за повеќе од 75 училишта и градинки, 67 здравствени институции и обезбеди 31 возила за одржување и управување со отпад за 52 општини.

-Севкупно, Јапонија ја поддржа Македонија во различни сектори како што се развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, образованието, животната средина, културата, природните катастрофи, бегалската криза, како и итната помош со вкупна сума од над 8,9 милиони евра, а исто така и друга нефинансиска поддршка, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.