„Уцената не е од Европска Унија туку уцената е од Бугарија и зошто не е исто за Македонија како за сите останати земји. Никогаш од постоењето на ЕУ до денес ниту една држава не и било дозволено билатерален спор да се внесе во рамката за преговори, а нашата Влада која е на власт тоа го дозволи. Дозволи во вториот договор со Бугарија да им се дозволи по завршување на комисијата со работа додека се не се имплементира да Бугарија го има тоа право од учебници до не знам што уште не”, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисијата „За или Против” на Телевизија Алфа.

Јанушев посочи дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има како став за уставните измени воопшто не го смета за драматизација. Тоа воопшто не е драматизација доколку си ја штитите сопствената држава и сопствениот народ.

Тој додаде дека граѓаните не им дале право на пратениците да го менуваат Уставот за било кое прашање што е надвор од партиските, изборните програми, владините програми со кои сме ја добиле довербата да ги претставуваме.

„Не признавањето на легитимитетот се однесува на премиерот затоа што тој не излезе на избори и тој нема добиено мандат исто како што Собранието единствено го црпи легитимитетот од пратениците кои единствено го црпат својот легитимитет од народот и од гласањето. Ако јас излезам на избори и кажам едно а пробам да направам сосема друго, како што власта правеше со двојазичните униформи, промената на името, преспански договор тогаш тоа го руши легитимитетот”, кажа Јанушев.

Тој е дециден дека 44 проценти од граѓаните кажуваат дека во моментов имаме полоша меѓународна позиција од пред 12 месеци и тоа е фрапантна бројка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.