Реформите во образование од страна на оваа власт беа набрзина спроведувани, недоволно осмислени, и спроведувани на неподготвен терен без анализа, без научен пристап, без пилот програми и затоа не дадоа никаков успех, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Јаневска истакна дека за таканаречените реформи не беа подготвени ниту наставниците ниту училиштата беа подготвени инфраструктурно и технолошки, посочувајќи дека дури и интернет стабилен се нема и додаде дека, таквиот пристап само придонесува да образовниот систем ни е толку на дното.
Кога треба да се даде вистинска слика за тоа што се случува во образованието , тогаш велам какво ни е општеството, такво ни е образованието. Општеството не ни е добро, особено сега кога ни се случуваат разни притисоци, кога има незадоволно население особено откако по неуспешен референдум се потпиша договорот од Преспа, па притисоците од Бугарија, неинформираноста што се прифаќа, криминалот кој царува во земјата, сиромаштијата. Тоа се само дел од факторите кои влијаат, потенцираше Јаневска.
Таа додаде дека во иднина ќе има сериозна задача да се поправи образовниот систем, но и да се поправи општеството за да ги задржиме младите бидејќи сме една од ретките земји во светот која продуцира високо образовен кадар кој го извезува во богатите земји од Европа за да помага на други држави, наместо да помагаат на својата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.