Ковачевски и СДС без компас, експертите и народот не ги поддржуваат па предложиле поддржувач на Путин да крои уставни амандмани,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и СДС само декларативно се претставуваат како про НАТО и про ЕУ, во суштина влечат длабоки корени со структури со сомнителни политички и лични врски, како Јагода Митревска, која од поддржувач на Путин станува експерт на СДС и Ковачевски.

Јагода Митревска, експертот на Ковачевски и СДС не се крие дека е поддржувач на Путин, има фотографии кои покажуваат како таа гордо се слика пред простории на партијата на Путин.

Ковачевски и СДС ја носат државата во ќорсокак.

Анационалните политики на СДС ја уназадуваат Македонија.

Потребни се промени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.