Возило на македонски турист и две на српски туристи целосно изгореле во Грција. Српски Курир објави дека инцидентот се случил во приватна вила на островот Лефкада. Според изјавата на сопственик на едно од возилата, триесетиосум годишниот Марко Тодорчевиќ од Белград, пожарот бил подметнат. Трите возила биле паркирани едно до друго.

„Дојдовме на Лефкада на 31 јули и сѐ беше одлично. Но на 9 август не разбуди сопственикот на вилата во која престојувавме. Го видовме пожарот и беше страшно“, вели Тодорчевиќ за српски Курир.

Сопствениците на опожарените автомобили дале изјава во полициска станица и веќе со автобус се вратени во нивните земји.

– Страшно е ова што се случи и се сомневаме дека пожарот е подметнат. Но, за жал, немаме на кого да се обратиме. Нивната полиција ни рече дека такви работи се случуваат. Рекоа дека пожарот настанал поради неисправна спојка, што после 15 саати стоење под зенка на ладно е невозможно – коментира Србинот кој додава дека се исплашиле за нивната безбедност и се сомнева дека тоа се се случило само затоа што се Срби.

ВИДЕО ОД ВОЗИЛАТА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.