За малку избегнат инцедент за големниот христијански празник Богојавление, кога 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставено на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта, полицијата барала да се тргне.

Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, вели адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

Менкиноски, против кого полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, за   раскажува што точно се случило:

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител. Јас им побарав да ми донесат наредба, им реков ова знаме нека да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент. Ова значи дека идејата за македонската кауза не е мртва и мене ме импресионираше бидејќи добивав повици од младинци кои сакаат покажат дека македонската кауза не е закопана. Колку и да сака сегашниот образовен систем да ги насочи во друга насока морам да признам дека бев изненаден од тоа што го слушав од децата, од нивното себеидентификување како Македонци.

Знамето веќе го нема на бедемите на Самоиловата тврдина на кое охриѓани му се радуваа бидејќи тоа е симбол, македонско обележје од кое никогаш нема да отстапиме, велат.

Значи и полиција и држава не може со народ, народот скокнал и рекол знамето да седи. И една порака моја, македонскиот народ не е само во Македонија, го има надвор и во дијаспората и со ова знаме се виде дека се дава поддршка на македонците секаде во светот, не сме сами и никогаш нема да бидеме сами горе главата македонци, вели за телевизијата охриѓанецот Здравко Чорбески

За ицидентот со знамето „Алфа“ побара став и одговори зошто полицијата инсиситрала тоа да се тргне од СВР Охрид. Во соопштението кое им го испратиле стои дека вчера околу 10 часот на малиот плоштад, од страна на Т.М.(49) од Скопје, нарушен е јавниот ред и мир со истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон. Од страна на полициските службеници, изготвен е записник за констатиран прекршок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.